Ало, Јанкуловскa!!!!!! Зарем треба да не тепаат ко кучиња во родната земја?( незнам кој дел)

Posted in вести, општество, политика on март 10th, 2012 and

Министерке

Ви сеобраќам по незнам кој пат низ годиниве, можете се што сум ви пишала да најдете на овој блог, нејсе. Барем да ме послушавте еднаш, немаше да дојде до вакво нешто- да не тепаат нас Македонцте во сопствениот главен град како кучиња, барем еднаш да се замислевте што зборува оваа овде Надежна едикоја си….Ама не..

Засегнати од моменталната ситуација на нестабилност во мојата татковина, ве наоѓам вас лично и вашата влада комплет виновни за целата ситуација. Ви поставив прашање колку од случаите наведени кај Робото на блог се со правна завршница или барем расветлени, еве една недела нема одговор.

Чисто информативно, колку да знам, ве прашувам и тука, на блог, знаејки дека вашите служби едно време будно не следеа нас “отпадниците од правот пат” на овој медиум, па можеби сега ќе добијам и одговор:

-Кој ми ја гарантира мене безбедноста од дома до работа, во случај да решам да се качам во автобус? (Читај-кој ја гарантира безбедностана Македонците коишто кои користат јавен превоз?)

-Кој ми гаратира мене дека мојот сопруг ќе се врати здрав и жив дома кога оди да купи леб за доручек? ( Читај – кој ја гарантира безбедноста на луѓето кои одат да пазарат секој ден, без разлика во кој дел на Скопје, Тетово, Гостивар…? )

-Кој ми гарантира дека моето дете утре нема да изеде ќотек кога ќе трне на училиште? ( Читај-кој им гарантира безбедност на децата кои одат на училиште воопшто)

-Дали вие како Министерство имате контрола на целата Територија на Македонија? ( Читај- целата Македонија!!!)

- Зарем сеуште ќе продавате басма за соживот, кога јасно е ко ден од одамна дека Албанците не сакаат соживот, туку територија? ( Читај-што превземате вие околу зачувување на териотријата на Македонија, и што уште треба да се случи за да почнете да превзематебило што?)

-За кај ви беше наменета кампањата “Секој треба да има три деца”? ( Читај-Искрено, жал ми е што ова едно мое дете го родив во оваа шупотина од земја, благодарение на вас.)

*Гарантира безбедност=спречува немили настани, не- расветлува немили настани.

Со надеж дека ке ви дојде паметот и ќе почнете да ги гледате нештата реално, онакви какви што се, и соодветно на тоа да превземате акции,

ваша Надежна.

Пс. не очекувам одговори, како никогаш досега што не ги добив. Затоа што , очигледно сте зафатени со молби ситуацијата да се смири.

Вие не треба да молите, вие треба да ја смирите. Затоа земате плата!

Се враќам

Posted in блогосфера on март 4th, 2012 and

***

Зошто има многу кретени на кои треба да им порачам многу работи

***

Дамјан ручка

Posted in гастрономија, лично, семејство, театар on април 22nd, 2011 and

Дамјан Ручка

( едночинка од 5 минути со два лика )


Mама:Дамјан сака сокче, а?

Дамјан:Пу цуцла,бљак.Дај мори од тоа кашичето благо!

Мама:Ајде мама, ајде.

Дамјан: Дај каша, дебела!

Mama :Aјде малце каша, колку да пробаме праска, 3 лажички.

Дамјан: Така мори, арно ти текна, дај ваму кашата! Мљац мљац.

Мама: Е толку, дај сега сокче да допиеме, каша малку за проба.

Дамјан: Толку ма дебела? Само ме настрви! Ај дај то морковот да го пијам, дај шо даш! Ама да знаеш, после ќе те повратам, за инат!

П.С. Еве го и глумецот во главната Ролја

( мама е споредна, секако) позира специјално за читателите на blog.mk

SAM_0207

Трло држава

Posted in вести, политика on март 21st, 2011 and

По нападите на Нато на Либија, Србите излегоа на улица да го искажат своето мислење и незадоволство. srbija2_380134S0

Нас, како и по обичај, никаде не нема…Ние, по обичај, не ни имаме мислење…Така не научија, ништо да не мислиме ниту превземаме. Случајно некому да не му згрешиме.

Како овци….

Комплекс

Posted in здравје, кариера, општество on март 18th, 2011 and
(Едночинка)

Локација : Амбуланта Чаир, Скопје

Улоги : Надежна, Дамјан, докторката која го прегледува, сестрата што подготвува вакцина

Докторката : Добар е малиов, може да прима вакцина.

Сестрата : Сега ќе ја спремам…

Надежна : ( му се обраќа на Дамјан, кој гледа во сестрата насмеано)  : Каде оди, мама , тетката, а? Каде оди? Сега ќе дојде, боц, боц…

Докторката : Мајка, овде нема Тетки, има само Доктори и сестри, тетки се надвор !

Се прашував дали да и објаснам дека и сама треба да знае дека за среќа, децата не се доволно искварени за да паѓат на титули…

П.с. Едночинкава не е сместена ни во комедија ни во трагедија, зошто навистина не знаев дали да се смеам или да плачам ..