Тодор Александров+Ванчо Михајлов vs. Сара Ѓорѓиевска

Во очи на утрешниот ден, 31 август, и масовната хистерија која се подготвува,

ПОТСЕТУВАЊЕ:

Восочните предавници поскапоцени од детскиот живот.

Црното минато на Македонија пред светлата иднина.

Todor-Aleksandrov-monument Ivan_Mihailov

VS.

41570_144671432228145_9893_n

Како ќе те ПРЕРОДИМЕ, МАКЕДОНИЈО?????

За Сара заедно можеме повеќе.

070 143 143
077 143 193
075 143 143

18 Responses to “Тодор Александров+Ванчо Михајлов vs. Сара Ѓорѓиевска”

  1.   pepus Says:

    :( За Сара мислев се собрале … Ама мора да се соберат :)

  2.   nadezna Says:

    Не се секирај, Пепус. На Сара сигурно ке заборават, ама на наредбата не смеат….

  3.   hemicarot Says:

    support

  4.   КирилДрангов Says:

    Надежна, ти се залагаш за Сара или ги промовираш твоите политчки ставови?

    Ако се залагаш за Сара, начинот ти е многу неибичен.

    Кога се бараат пари за болно дете во најмала рака е некоректно (кон детето) да се отуѓува било кој заради различност во оценувањето на политички личности од минатото.

  5.   nadezna Says:

    Некорекно кон детето и кон сите други деца е да ги заборави државата, и на сметка на нивото здравје да купува восочни фигури на предавници.
    Некоректен е тој однос.
    Родителите на Сара би ти кажале кој е коректен со нив а кој не.

  6.   КирилДрангов Says:

    Твојот последен коментар е комплетно оф топик.

    Коректноста на државата ја проценуваат гласачите на избори.

    За секој родител здравјето на неговото дете е побитно од бил кој друг интерес. Сепак, истите тие родители, кога нивните деца се здрави не донираат ниту еден грош за подобрување на болниците, градинките училиштата.

    Секое дете и секој возрасен би бил подобро лекуван и на многу од нив би им бил продолжен животот ако се лекуваат во врни светски центри наместо во Македонија. Некој треба да одлучи дали ќе лекува десетина пациенти во врни установи или неколку илјади пациенти во македонски установи?

    Сакаш да и помогнеш на Сара, испраќаш апел за донации, нема потреба од отуѓување на оние кои не ги делат твоите политички ставови или критериуми за приоритети. Тоа е целата поента на мојот коментар.

  7.   antiseparatist Says:

    Коментарот ми нее политички туку е битен…
    Македониja требва да си ги прибере и присвои сите свои извесни личности и да си ги почитува…
    Па мислам дека и тоа ке видиме до 1-2 години!!!
    Поздрави од Бугариja!

  8.   razvigor Says:

    Кирил Дрангов, да не даде Господ да молиш за донации здравјето на твоите деца, додека парите што би требало да им следуваат како граѓани на оваа држава се трошат на глупости, па да се потсетиш какви идиотилаци тропаш!

    А парите самото семејство стократно ги има вложено во истите тие државни фондови со кои раководат тие на кои им се улизуваш преку даноци, здравствени осигурувања и слично.

  9.   pepus Says:

    ВЕЛЕС – Спомен-биста на Ванчо Михајлов од вчера е наместена во дворот на велешанецот Драги Каров. Постаментот на Михајлов, како наследник на Тодор Александров на лидерското место во ВМРО, е поставен точно на одбележувањето на двегодишнината од откривањето на споменикот на Александров на истото место.

    На манифестацијата присуствуваа стотина приврзаници на ликот и делото на Ванчо Михајлов. Дел од нив од Македонија, некои допатуваа од Бугарија. Овој пат манифестацијата помина без многу помпа, само со поставени неколку знамиња, меѓу кои бугарското, македонското, на Европската унија, НАТО и на ВМРО. Велешанецот Драги Каров, во чиј двор беше поставена бистата, најави дека овој пат не сака да има проблеми и оти по завршувањето на манифестацијата, бистата на Михајлов, исто како и онаа на Александров, ќе ја постави на една од терасите на неговата куќа. Пред две години на манифестацијата на поставувањето на споменикот на Александров, Каров заработи прекршочна пријава поради веење туѓи знамиња. (С.Ќ.Н.)
    Копирано од : http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=44EC8E2B5EF2914A9786EC8F9EC8079D

    За Сара сите кои го виделе овој пост можат и требаат да го завртат наведениот број /броеви погоре како и за било кое друго дете

  10.   nadezna Says:

    Кирил, јас затоа и пишувам

    За Сара заедно можеме повеќе.

    Не сметам дека луѓето кои имаат различни политички убедувања од мене дека поради овој мој пост нема да донираат, ниту го барам ниту алудирам нна тоа.
    Алудирам на власта која прави восочни фигури, а гледам и на панихиди оди, на ПРЕДАВНИЦИ,
    не коментирам, гледаш, за друшите споменици, туку само за ПРЕДАВНИЧКИТЕ….
    Зошто, вистината не е таа која ја диктира партијата. Дури се прашувам, кој ја диктираа оваа политика…..Некој од сосетството?

  11.   nadezna Says:

    Pepus, факла на информација и на поддршка.
    развигор, поздрав :)

  12.   svabo Says:

    Чириле Дрангов
    Не сум ги читал километарските преписки што ги имаше со Андреј, али еа само со твојот прв коментар видоф колку си глуп, прост и дека немаш појма што се пишува на блогерајов. Андреј бил во право, само го осудувам што имаше толкаво трпение да те трпи и да се објаснува со тебе.
    Не ти го посакувам тоа што Развигор ти го посака, но ……… да знаеш, господ е голем. Ќе те казни за ова.

  13.   svabo Says:

    Чириле Дрангов
    Не сум ги читал километарските преписки што ги имаше со Андреј, али сеа само со твојот прв коментар видоф колку си глуп, прост и дека немаш појма што се пишува на блогерајов. Андреј бил во право, само го осудувам што имаше толкаво трпение да те трпи и да се објаснува со тебе.
    Не ти го посакувам тоа што Развигор ти го посака, но ……… да знаеш, господ е голем. Ќе те казни за ова.

  14.   peronakov Says:

    Надежна, не ти требал постов, ама ич!

  15.   КирилДрангов Says:

    Надежна
    Твојата намера е племенита и тоа не е предмет на мојот коментар.
    Твојот блог им се обраќа на поединци. Некои од нив мислат дека Александров и Михајлов се предавници, други ги сметаат за непредавници.

    Завземање политички став во апел за хуманитарна помош може да наштети на племенитата замисла. Тоа е се.

    Некои луѓе се верници, други не се. Дали ги осудуваш донациите за изградба на цркви или за нивна реконструкција? Зборувам за нови цркви кои не се дел на цивилизациските вредности? Нели е глупаво да се донира за црква во која ќе се молиме за нечие здравје, наместо да се инвестира во самото здравје, било за поздрав живот било за лекување на болните?

    Ако јас ги одредувам приоритетите, сите пари би ги дал за образование, здравство и култура. Дали неписмените ќе се согласат со мене, а уште повеќе полуписмените, примитивните и ретардираните на овие страници? Сигурно не, тие се среќни токму во својот свет.

    За да не водиме празни муабети, јас донирав и спремен сум повторно да донирам.

    На секоја донација што ќе ја направат авторите на душегрижничкиве коментари, ќе дадам дупло!

    Доказите за нивните уплати кај тебе, моите докази за моите уплати исто така кај тебе.

  16.   КирилДрангов Says:

    http://www.frankfoundationcai.org/en/

    Надежна
    Франк фондацијата им помага на децата од цел свет доколку им треба медицинска помош која нивната земја не е во состојба да им ја пружи.
    Контактирај ги со писмо и со опис на состојбата на Сара.

  17.   КирилДрангов Says:

    Please note our new contact information:
    5550 Friendship Boulevard, Suite 230
    Chevy Chase, Maryland 20815-7201
    Phone: (240) 395-0360 (240) 395-0360
    Fax: (240) 395-0365
    infofrank@frankfoundationcai.org
    http://www.frankfoundationcai.org

  18.   nadezna Says:

    Кирил, ке им пренесам на родителите на Сара за фондацијата,
    многу ти благодарам.
    Сепак, пак ке ти кажам, дека јас не обвниувам со постот поедици, туку укажубам на институции.

Напишете коментар

You must be logged in to post a comment.