Манастир Свети Наум Охридски Чудотворец, Радишани, Скопје
Во средината на август, на враќање од Љубанци, поминавме до манастирот Св. Наум Охрдски (Чудотворец) – Радишани, Скопје.Тоа е женски Манастир. До него се стига кога одите во правец на Радишани по Бутелска улица. Окога ке го поминете кружниот пат околу Скопје и Расадникот Скопје пред бензинската пумпа вртите по патчето десно (има знак) … на некои 200 метри се врти десно … одтаму уште стотина метри право се доаѓа до капијата на Манастирот (извор :Волан).
Манастирот нема активни калуѓерки, освен една жена која се грижи за него. Во него се погребани последните дваица упокоени Македонски Архиереи, Михаил и Гаврил..

Во манастирскиот двор се наоѓааат три извори на света вода: света вода која лечи кожни болести, света вода која лечи главоболие, света вода која лечи немир и депресија..Тетка Сузе, која се грижи за манастирот, ке ви покаже која вода за што е.
Иконописот се уште се доработува, но веќе е при крај. Дел од иконите ви презентирам преку некоја фотографија.
Манастирот Свети Наум Охридски Чудотоворец претставува уникатно место за посета за сите Скопјани. Место за одмор и место за восхит..
RELATED TOPIC: VOLAN
















октомври 3rd, 2010 at 1:17 pm
Кога ќе ме носи патот секако дека би наминал. Во секој случај одличен пост, за едно место кое е од големо значење за МПЦ и за сите нас. Поздрав.
октомври 11th, 2010 at 1:08 pm
А место кое ретко кој од нас го посетил…
Васко, се надевам ке те одведе патот.
октомври 11th, 2010 at 3:00 pm
[...] Манастир Свети Наум Охридски Чудотворец, Радишани, Ско… [...]