Хорор во Државна Болница!

Денес бев сведок на хорор кој се случуваше во Државната Болница, поточно меѓу Гинеколошко- акушерската клиника и Клиниката за кожни болести. Хорор каков што никому не посакувам да се случи, освен евентуално, на медицисниот персонал на Државната б0лница. Зошто? Еве вака беше :

Околу 13.30 денес се упатив кон Клиниката за Трансфузиологија за да земам некој резултат, и на одење натаму, минувајки покрај клиниката за гинекологија и акушерство и Клиниката за Кожни болести, на столбчето забележав човек што седи и во раката држи крвава газа, цела мокра. Човекот имаше крварење од носот, меѓутоа, околу него имаше двајца болничари кои го советуваа како да ја држи газата за да не му тече крв.

Секако, кога гледаш медицински персонал на место каде има некој болен или повреден, сметаш дека работата е завршена и нормално, како лаик, си продолжуваж понатаму, нели. Ама , не требало така, изгледа. Ако малку поубаво погледнев, ке видев дека дечките во бели мантили беа со цигари бо рацете и изгледа сосем случајно решиле да му кажат на човекот што да прави. Ако не ги разбрал, ко што испадна ситуацијата никому ништо. Испушиле цигарата и си отишле.

Се враќам од Трансфузиологија со резултатот во рака по 10 минути, и поминувајки кон излезот, наидувам на истиот човек, повторно со крвава газа на лице, со локва крв пред него и околу 4-5 луѓе, сличајни минувачи, кои се трудеа да сфатат во која клиника треба да оди. Секако, веднаш тука беа и сестрите и болничарите со цигарите во уста, кои бледо гледаа низ гужвата околу човекот, ко да гледаат нешто сосем нормално.

Ја начекав сестрата од Кожно која беше најблиску и си сркаше од кафенцето и си дуваше димче безгајле, и и викнав да прати персонал под итно, зошто човеков не е во ред, и ке им искрвари додека тие дремат и дуваат тутун. Веројатно се подосвести, и по муабетот со човекот, во кој тој кажа дека е од Куманово и дека бил на Пулмологија, се упати нагоре, веројатно кон Пулмологија. Затоа што ја немаше неколку минути, влегов во Амбулантата за кожни болести и сретнав една чистачка

- Викни доктор, на еден човек надвор не му е добро.

Оваа ме гледаше бело.

- Ме разбра ли ма? Викај доктор , на човекон надвор не му е добро!

- Не знам јас тоа…- и си влезе во една соба.

Јас по неа влегов во собата и ги најдов лицата во бело на пауза.

- Луѓе, ке ви умре човек пред клиника, дали сте свесни? Излезете да видите што се случува, не само поминувате ко низ гробишта турски низ клиникава!

- А тебе, што ти е тој човекот?

- Ништо.

- Епа, што се потресуваш? (?!?!!??). Може не е за кај нас, од кај знаеме за кај е и што му е.

- Ма не е ваше да нагаѓате, ваше е да прашате и да го однесете човекот кај што треба, ние ли пациентите да го носиме?????

- Па ние ли да го носиме? Немаме ние таква служба……. А и тебе не ти е ништо, што се секираш (?!?!?!?!?)

Ке ја оскубев и за коса ке ја изнесев надвор жената во бело, сестра ли докторка ли, среќа нејзина што погледнав низ вратата и видов дека сестрата која тргна кон Пулмологија се враќа со уште медицински персонал и со количка на тркала…… Некој верувам, решил да обрне внимание.

Жал ми е што не го снимив човекот како седи сам, со локва крв пред себе, а покрај него, мртви ладни, поминуваат луѓе во бело и не го ни погледнуваат, па да им јавам на медиумиве, кои едвај чекаат таква прилика за да расчеречат некого. Овојпат ке беше со право….

Милев дека основна човекова задача е да помогне некому, кому му треба помош, без разлика дали го познава или не. Мислев дека докторите и медицинскиот персонал посебно треба да го имаат тоа чуство, длабоко во себе, всадено и посилно отколку кај другите нас. Очигледно, сум грешела. Очигледно, Хипократовата заклетва ја дале за џабе…

На испитот на човечност нивната бранша одамна падна… Барем кај нас….

20 Responses to “Хорор во Државна Болница!”

  1.   prezviterkozma Says:

    страшно… :(
    одвратно нехумано… :(

  2.   Barabbas Says:

    Да даде Господ да им затребаат некогаш некои како нив во животот.

  3.   kocevaaa Says:

    За докторите во Државна болница нема потреба да се објаснува,тие од секогаш се такви и такви ќе останат..Навистина жалосно,незнам дали воопшто имаат жал кон некого.

    Еден личен пример…Пред 2 недели братучед ми доби ептен голема температура и веднаш со тетка ми го однесовме во болница,беше доцна 1:00 по полноќ..Дежурен доктор одвај најдовме – СПИЕШЕ (можете да замислите) …Му рековме дека детето е алергично на пеницелин,и овој како намерно да му стави инекција пеницилн (причината беше затоа што беше целиот заспиен) …Дететто ќе умреше со брза помош го однесовме веднаш во друга болница…Срамота е,нашата Македонија наместо да оди напред таа се враќа назад … :(

  4.   effo Says:

    На ниту еден лекар во Македонија не му е одземена дипломата. СЕУШТЕ!
    Па џабе се сите реформи,промени,дрн дрн.. Сапо апсаана и бламажа на стотина од нив со одземање и јавно палење на дипломи може да ги освести.

  5.   Леонова Says:

    Чудно им работи матрицата на размислување очигледно. А истите тие, кое ќе се префрлат да работат приватно, ги облетуваат пациентите и не ја симнуваат насмевката од фаца. Арно вика еффо, џабе се сите реформи, треба да им се реформира умот прво!!!

  6.   Tweets that mention nadezna » Blog Archive » Хорор во Државна Болница! -- Topsy.com Says:

    [...] This post was mentioned on Twitter by Martin Spa, Каранфилов Жарко, BrainstorM, Димитар Чукалиев, Емир Османоски and others. Емир Османоски said: http://nadeznan.blog.mk/2010/10/26/horor-vo-drzhavna-bolnica/ [...]

  7.   nadezna Says:

    Коцева.
    Комплетно се незаинтересирани.
    Се прашувам- зошто братучед ти не го тужел докторот?
    Леонова, во право си. Тогаш мед и млеко им тече од уста……

  8.   roxx Says:

    Луѓе не паничете!
    на пат се уште 5 нови споменика па останатите 15, а ги чекаме и другите лавови,ѓемиџии, букефал X3, капијата од 3-4мил еура, велелепна црква, триесметарниот ацко , татко му,мајка му, стрикота и уште по некој роднина . Откога сите ќе ги постават ќе видите, Македонецот ќе се осети горд, посаглам, ќе му се вратат сите коцки во мозокот и ќе оди кон НОВИ ГОРДИ СВЕТСКИ ПОБЕДИ !

  9.   nadezna Says:

    Roxx, колку и да се обидуваш да ги прикажеш спомениците виновни , не е во тоа поентата на постот.
    И да има и да нема споменици, проблемот е во човечноста.
    Така да, тоа нема врска со постов.
    Можеби Еффовата понуда е најдобра :)
    За палење на дипломи.

  10.   roxx Says:

    Надежна, кога и да зборуваат за спомениците,коњите и сл. објаснувањето е дека на македонците тоа им е потребно за да се почуствуваат подобро, за гордоста, за величините за да било како на запад поради тоа што во тие западните земји и нивните големи градови има сред плоштад коњи,цркви,херои…
    Значи , ај ќе се праиме запад со цигли,цимент и слично а не им текна да земат да копираат друго од тоа западот, како што е организација, паметно штедење паметен subcontracting и сл.
    Знаеш и во некоја цивилизирана богата западна земја, пушти ги така распашани тоа вработените(мед.сестри,болничари,лекари) , скрати им ги на минимум средствата, дај им мали никакви плати, и ај ќе видиме дали нешто повеќе ќе се потресат за човек кој е во крв…

  11.   nadezna Says:

    Вака, Рокс.
    Спомениците не се за сите нас, зошто на дел од нас не ни требаат споменици за да знаеме кои сме и која ни е историјата и кон каква иднина треба да се стремимие.
    Споемниците, барем според мене, се за дел од народот, да не речам, оној дел кој е поприлично неписмен и се води како стадо, за и тие да добијат некаква слика за Македонија, за да знаат делчиња од историјата и да доловат некој зрак од иднината. Нам останатите, не ни требаат спомениците за потсетување, ама за да се допре до некој друг дел од народот, мора да се прави нешто .
    Туку, за платите? Организација, паметно штедење паметен subcontracting?
    Не, пред се проблемот е во нивната суета, барем јас така мислам….

  12.   roxx Says:

    Надежна, жив пример ти е кога ќе споредиш како си третиран во државна некоја болница и во приватна клиника. Значи суетата хммм одеднаш не е проблем, кога некој вовел ред, кога не може да забушава , ем е платен коректно … тогаш истите тие мед.сестри знаат и да се смешкаат и кажат топол збор наспроти тоа садистките таму. :)

  13.   filip22 Says:

    Оооооо,па тоа е скојдневна слика во државна болница.Што се чудиш?Пред еден месец човек доаѓа со пресечени прсти,раката завиткана со некој партал.?Друг човек по него во кутиче му ги носи прстите.Влегува во една,друга пета ординација,сите го враќаат.Сестрите бегаат од него,не бил за тука.Едни други доктори ли беа,болничари ли беа го тераа во ургентен а тој сиромашкиот незнае каде е.Па го фативме уште со еден друг и го однесовме до ургентен.Очигледно е дека владава работи за приватните болници,државните болници ги баталија.
    Незнам како ќе биде ама,само да се молиме на господ до тие врати да не дојдеме.

  14.   nadezna Says:

    Немој ми речи, Филипе?
    Па што не ги викна одма А1, одма чекаат5 некоја таква вест….
    Искрено, во прва следна прилика, тоа ке ги снајде.
    Навистина страшно….

  15.   novajlija Says:

    Убаво ја спомна погоре Хипократовата заклетва…
    Лекарите и нивниот однос кон пациентите често ми наликува на поповите и нивниот однос кон вистинските верници. Поповите осознавајќи за верата во Бога,научиле толку колку да сфатат дека не стигнува грев од направено зло,па си прават како што си сакаат, додека нас не учат да не го правиме она што не е добро…за нив де…

  16.   filip22 Says:

    Ох бе nadezna,ме најдоа во расчекор,бев за други работи а човекот се потпра до ѕид побледен,крвои течат.А по долгиот ходник се се гледа се се слуша.Тоа се моменти,ми се одеше да влезам по тоа ординциите на клоцои да ги истерам ама,тука еден,го фативме за нозе за раце го однесовме до ургентен.Па таму процедура кој го донел и тинтири минтири,знаеш.

  17.   nadezna Says:

    Новајлија, убава споредба.
    Баш така му доаѓа.
    Филипе, секоја чест за стореното.
    Би било убаво да има повеќе ЛУЃЕ како тебе.

  18.   filip22 Says:

    Абе има,како нема,само тие си се обични луѓе кој ги среќаваме секој ден,тука се покрај нас.Ови што треба вистински да помогнат,тие што се стручни ја вртат главата,каков Хипокрит какви бакрачи,гони ги.

  19.   pepus Says:

    Надежна многу работи таму се секојдневие многу повеќе од напишаните . За се се сложувам со постот ама за да се тргне да се опраи работата е мнгоуууууу длабока така што и некому да му се одземе лиценцата сигурно ќе биде залутана риба во сета таа машинеријаи другите пак мирно ќе си спијат :) .

  20.   nadezna Says:

    Не верувам, Пепус, дека откако неколку луѓе ке бидат казнети, другите ке продолжат да се однесуваат некоректно.
    Од некаде мора да се почне.

Напишете коментар

You must be logged in to post a comment.